Министерството за финансии подготви предлог буџет за 2018-та година со кој се предвидува зголемување на акцизата за нафта за 3 денари од 1 јануари 2018 година.
По тој основ се очекува зголемување на приходите во буџетот за 1,6 милијарди денари кај акцизата и 350 милиони денари кај ДДВ-то, објави „Фокус“.
Цена на дизелот ќе биде повисока за 3,5 денари, откако на сила ќе стапи зголемувањето на акцизата.
Министерот за финансии, Драган Тевдовски, денес изјави дека причина за зголемување на акцизата се ЕУ-препораките за заштита на животната средина и намалување на загадувањето.