Следниот понеделник во Лондон започнува третиот Гренд Слем во сезоната и најголемиот дел од тенисерите и тенисерките тренираат на трева за најголемиот тениски настан. Но некој за Вимблдон се подготвува на песокот на плажите на Мајорка и патем ги одушевува тие што можат да ја видат. Станува збор за Ежени Бушар, која во 2014. година играше финале на Ол Ингланд клубот, а сега во друштво на момчето, хокеарот Џордан Керн многу релаксирано го дочекува Вимблдон. Многумина сметаат дека со отсуството на Серена и Шарапова шансите им се зголемуваат, но 23. годишната Канаѓанка очигледно не се замара со тоа.