Чудна ситуација се случила пред неколку дена на митинг на кандидатот за претседател Стево Пендаровски откако во триесетина секунди се гледат повеќе лаги и небулози пред да биде поставено релативно небулозно прашање за ВМРО-ДПМНЕ.
Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во делот од митингот посветен за прашања од членови на СДСМ оди до една жена која стои до редарите на митингот која и кажува дека на некоја друга жена и се слошило ама го оставила прашањето напишано на телефонот за да биде прочитано на митингот.
Откако жената на која и бил оставен телефонот со прашањето на Кузеска и вели дека на сопственичката на телефонот и се слошило Кузеска пред сите вели дака се работи за срамежливост а не за слошување.
Зошто Кузеска лаже дека на жената и било срам а не и се слошило знае само таа иако во видеото јасно се слуша дека се работи за слошување.
Зошто некој кому му се слошило си го оставил телефонот за од него да биде поставено просто прашање на кое ВМРО-ДПМНЕ дало стотина пати одговор не кажува ниту Кузеска ниту жената која го дава телефонот.
Бурлеската на СДСМ и Пендаровски ја фати Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит кој не може да се начуди како некој кому му е лошо наместо дали тргне дома или во болница го остава телефонот на партиски митинг за од него да се прочита прашање.
Зарем на жената што и се слошило не и е потребен телефонот за да јави дома на блиските дека и се слошило е едно од логичните прашања за случајот кој открива дека Пендаровски можеби злоупотребува активисти за да постават прашања за кои тој смета дека се поважни од здравјето на членовите на СДСМ.
,,Зошто лажење?
Дали е слошувањето од притисокот да се постави штабска нарачка како прашање? И се слошило на жената, ама пред да оди на лекар или дома, го оставила телефонот за прашањето да не остане непоставено? Што е ова бре? 🙂
И пак: зошто лажење дека „некој бил срамежлив“?
Како онојпат дека на 30 сантиметри од тебе не може да го слушнеш шупакот со марама како ја вреѓа Гордана Силјановска Давкова”, прашува Илиевски.
Зошто лажење?
Дали е слошувањето од притисокот да се постави штабска нарачка како прашање?
И пак: зошто лажење? pic.twitter.com/6MUQiwapSG
— Боби (@BatmanSaysT) April 20, 2024
Целото видео на линкот
https://www.facebook.com/share/v/hYZWG8SgedwX42Pd/?mibextid=oFDknk