Наскоро ќе се знае каде ќе биде поставена мермерната плоча која припаѓала на стариот храм „Рождество на Пресвета Богородица“, кој настрадал во бомбардирање на Скопје во 1944 година и за кој во Бугарија се смета дека бил – бугарски.
Заменик за култура, Владимир Лазовски, за бугарската БГНЕС изјавил дека се надева „наскоро да биде поставена мермерната плоча која припаѓа на стариот храм „Рождество на Пресвета Богородица“.
Лазовски додал декаа вистинското место се уште не му е познато, „но а истакнал уште еднаш посветеноста на Министерството за култура на нашиот сосед за зачувување на бугарскиот натпис“, пренесува БГНЕС.
Пред десетина дена БГНЕС дека во Скопје на напуштена локација се наоѓа мермерна плоча со натпис од „бугарска црква“ која настрадала во бомбардирање кон крајот на Втората светска војна.
Портпаролот на македонското Министерство за култура, Петрит Сарачини, во врска со мермерната плоча што припаѓала на стариот храм „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, изјави дека се прават напори таа да биде заштитена.
Репортерот на БГНЕС потсетува дека црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ е изграден во 1809 година од мајстор Дамјан Јанкулов Рензовски (1770-1834 година)/, кој е претставник на Дебарската школа. Покрај градител, тој исто така бил и сликар. По неговата смрт, храмот го довршиле неговите синови.
Црквата свечено била посветена на 1 мај 1835 година, во чест на раѓањето на Пресвета Богородица. Во средината на 19 век имало училиште во дворот, во кое подучувал Јордан Хаџиконстантинов Џинот. Подоцна, училиштето станало познато како педагошко бугарско училиште.
Храмот бил уништен од пожар што изби во 1944 година како резултат на сојузничкото бомбардирање на 5-ти септември до 6-ти септември таа година
Агенцијата пишува дека „во 1872 година, девет десетини од населението на тогашниот скопски санџак, кој освен Скопје ги вклучувал градовите Тетово, Куманово и Врање, изразиле желба да се приклучи на Бугарската егзархија“, пишува бугарската агенција.