Шефот на бугарската држава Румен Радев очекува по формирањето на новата влада во Македонија да има поблизок дијалог преку кој ќе се надминат проблемите кои што двете земји ги имаат поради својата заедничка историја.
Бугарскиот претседате оваа изјава ја дал по средбата со папата Франциск во Рим по која со папата се сретнала и македонската делегација.
Румен Радев очекува со формирањето на владата на СДСМ и албанските партии да има напредок во преговорите за билатералниот договор за добрососедство во Македонија.
Бугарските медиуми во Рим се интересирале и за позициите на Радев во врска изјавата на рускиот претседател Владимир Путин кој по средбата со претседателот Иванов изјави дека Македонија го подарила кирилското писмо на словенските народи. Раден не сакал да го коментира ова прашање кое што предизвика остри критики од бугарските медиуми.