Бугарскиот парламент 18 дена не може да избере претседател

Наместо да се реши, кризата во 51. Народно собрание се засилува. Политичарите влегоа во битка за избор на нов претседател на парламентот.



Пратениците денеска направија шести обид да изберат претседател на 51-то Народно собрание откако не успеаја минатата недела.

Гласањето продолжува да биде неубедливо – ниту еден од претендентите за функцијата не го постигнува потребното мнозинство.

Кандидатите се исти – Раја Назарјан од ГЕРБ-СДС, Петар Петров од „Вазраждане“, Наталија Киселова од БСП и Силви Кирилов од ИТН. Вториот има најголеми шанси за успех – минатата недела собра 101 глас, но не ја освои функцијата, бидејќи пратениците од ДБ и БСП одбија да го поддржат, јавува Сега.Бг.

Новоизбраните пратеници положија заклетва на 11 ноември, но новиот парламент се уште не може да функционира поради неможноста политичките сили да се обединат околу кандидат за претседател на законодавниот дом, јави БТА.

На почетокот на оваа недела, лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, изјави дека направил чекор назад, се повлекол од предлогото за функцијата претседател на парламентот и го предложил Атанас Атанасов од ПП-ДБ за функцијата.

Од ПП-ДБ во став испратен до медиумите одговорија дека Бојко Борисов за премиер е неприфатлив предлог и тие нема да учествуваат во трговија со функции.