Home Популарно Бугарскиот В.Д. премиер со поддршка на Косово за НАТО

Бугарскиот В.Д. премиер со поддршка на Косово за НАТО

Претседателката на Косово Вјоса Османи по средбата со бугарскиот В.Д. бугарскиот премиер премиер Димитар Главчев во Вашингтон истакнала дека Бугарија е непоколеблив поддржувач на Косово во нејзините напори за зачленување во меѓународните организации, јави МИА.

Средбата се случила на  на маргините на Самитот на НАТО во Вашингтон.

„Во овој контекст се разговараше и за аспирациите на Косово за членство во НАТО и за континуираната поддршка од нашите бугарски партнери“, се вели во соопштението од косовското претседатетлство.

Според Османи, „меѓу двете држави постои силно партнерство и заедничка посветеност на регионалната стабилност и безбедност“.