– Менување на името може да предизвика сериозни социјални и политички турбуленции во Македонија и да ја врати на власт десничарската националистичка ВМРО – ДПМНЕ со Груевски како премиер, предупредува бугарскиот весник Дума, близок на Социјалистичката партија на Бугарија.
„Сеуште влијателната опозициска партија ВМРО – ДПМНЕ може за свои цели да го искористи незадоволството на граѓаните ако дојде до промена на името. Луѓето на Груевски кои што сакаат да се прикажат како патриоти и бранители на „националниот идентитет“ во контекст на Античка Македонија нема да ја пропуштат можност да дојдат повторно на власт, смета весникот.
Според бугарскиот медиум референдум на кој луѓето ќе отфрлат промена на името ќе го поплочи патот за нови избори на кои Груевски лесно ќе победи.
Текстот на „Дума“ е пишуван пред денешната посета на македонскиот премиер на Софија. (за посетата читај овде)