Двајца Бугарски државјани се уапсени преку викендот во Белград под обвинение дека на еден од банкоматите во градот поставиле уред за кражба на податоци и ПИН кодови со цел потоа со нив недозволено да дојдат до пари. Полицијата кај северниот сосед информира дека кај нив се пронајдени читач за картички, компјутери, алат и картички.

За сега нема информација колку граѓани се оштетени, но истрагата е во тек. Полицијата предупредува дека ова не е единствен случај и бара корисниците на картички да ги проверат своите конта и да пријават евентуален случај на кражба.