Бугари од Македонија: Mора да бидеме вклучени во Уставот за да почнат преговорите за членство во ЕУ

Не дозволувајте бугарската заедница во Македонија да стане заложник на политички манипулации и пазарења. Преговорите меѓу нашата земја и Бугарија завршија во 2022 година.

Ова се наведува во писмото на претставниците на бугарските невладини организации до европските и бугарските институции, јави БГНЕС.

Обврските што ги презема Република * Македонија се веќе јасно дефинирани и се дел од Преговарачката рамка. Како што сите знаат, *Македонија мора да не вклучи во Уставот на земјата за да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ.

„Не можеме да прифатиме нашето вклучување во Уставот на Република * Македонија да се оквалификува како „уцена“, „диктат“ или „пречка“ за европската иднина на земјата. Исто така, не можеме да се согласиме со идејата дека нашите еднакви права, заедно со оние на другите делови на народите вклучени во Уставот, треба да бидат предмет на „одложено дејство“.

Доживеавме доволно одложувања во нашата борба за еднаквост“, се вели во писмото.
од бугарските друштва од Кавадарци, Струга, Прилеп, Битола, Охрид и Скопје, пренесува агенцијата.