Бугарија е доста попривлечна дестинација за Македонците, отколку Македонија за Бугарите, покажуваат податоците на Националниот статистички институт од Софија за минатиот месец.
Во септември 44,9 илјади Македонци престојувале кај источниот сосед и тие се наоѓаат на деветтото место по Германците (179,1 илјади), Турците (158,8 илјади), Романците (158,0 илјади), Грците (99,6 илјади), Полјаците (60,7 илјади), Русите (50,9 илјади), Србите (50,4 илјади) и државјаните на Велика Британија (45,1 илјади).
Од друга страна, Македонија минатиот месец ја посетиле 32,6 илјади бугарски граѓани и таа е шеста земја по посетеност од нив по Грција (147,4 илјади), Турција (115,7 илјади), Србија (42,0 илјади), Романија (39,6 илјади) и Германија (38,8 илјади).
Патувањата на Бугарите кон Македонија во периодот септември 2016 – септември 2017 година се зголемени за 2,3 проценти.