Бугарија и Македонија најмногу ќе ги зближеле – спортот и културата

Бугарските медиуми секојдневно ги опсервираат сите можни аспекти од договорените пријателство, добрососедство и соработка со Македонија, за вицепремиерот Томислав Дончев да ги допре и спортот и културата.

„Воопшто не ја коментиравме соработката, а таа е многу важна, во сферите на спортот и на културата. Вообичаено ги ставаат на последно место. Јас, пак, знам дека луѓето ништо не ги зближува повеќе од тоа да гледаат спортски настан или една културна претстава. Тоа е елегантен начин некогаш сериозно, некогаш со иронија, да погледнеме на сите историски предрасуди што влијаат врз односите“, изјави Дончев во интервју за Бугарска национална телевизија (БНТ).


Потпретседателот на Министерскиот совет на Бугарија, кој со останатите колеги утре ќе присуствува на заедничката седница со македонската Влада во Струмица, најави потпишување на девет договори.