Македонија има потреба од земји кои ќе ја фаворизираат или ќе боруваат во нејзина корист во ЕУ и кои нема да прават проблеми како некои, како што се Србија и Грција, а колку тоа ќе придонесе, е друга работа – вели Владимир Глигоров од Меѓународниот институт за меѓународни економски студии во Виена, во интервју за една бугарска телевизија.
За потпишаниот Договор за добрососедство со Бугарија, Глигоров вели дека за односите меѓу двете земји и двата народа тој е клучен:
„Многу е важно Бугарија да да разбере дека Македонија е Македонија, а дека Бугарија е Бугарија. Доколку тоа се постигне, тоа е голем чекор напред“.
Запрашан кои се неговите чувства кон Бугарија, Глигоров одговори дека неговата мајка (со која зборувал на македонски) и баба биле родени таму. Тие, се разбира сега не се живи, но има роднини со кои се среќава, но дека не расправаат за политика.
За политика разговарал со татко му Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија по осамостојувањето за кој рече дека бил свесен колку е важно балканските држави, кои се мали, да имаат добри односи.
За признавањето на Бугарија на Македонија, иницирано од тогашниот претседател Жељу Желев, Владимир Глигоров оцени дека тоа прво признавање на независна Македонија, било многу значајно во услови кога и покрај позитивната оценка од Бадентер некои други доцнеа со тоа.