Бугарската држава вчера го прослави Илинденското – Преображенско востание кое што официјално се нарекува „ Востание на Бугарите во Македонија и Тракија“.
Централната манифестација по повод 114 години од востанието годинава за прв пат се одржа во локалитетот Петрова нива во местото Мало Трново на планината Странџа каде што им била оддадена почит на сите жртви на востанието.
Според бугарската историографија Илинденското востание започнало на Илинден на 3 август а кулминирало на 19 август на празникот Преображение.
На свеченоста на која учествувал и бугарскиот претседател Румен Радев а според бугарските медиуми биле присутни околу 10 илјади луѓе, бил емитуван документарен филм во кој исклучиво се зборувало за бугарскиот карактер на востанието а сите македонски револуционерни дејци биле претставени како Бугари.