Македонската машка кошаркарска репрезентација ќе одигра две пријателски средби со селекцијата на Бугарија (15. и 29. јули) на кои ќе се нивелира играта за дуелите во со Косово и Естонија. Овие две екипи ни се противници во групата Ц, во првиот дел од квалификацискиот циклус за СП во Кина во 2019. година.

Новиот-стар селектор Јорданчо Давитков ќе прозива на 21. овој месец, по што играчите ќе влезат во сала во Скопје, а што натаму ќе содржат подготовките и каде ќе се движат кошаркарите, па и со кого освен со Бугарија ќе имаме контролни средби, ќе дознаеме наскоро.

Сигурно е само дека со Косово и Естонија ќе играме во интервалот од 2. до 19. август и тоа по принципот дома-гости. Двете првопласирани селекции од нашата група или вкупно 8 од целиот претквалификациски дел одат во следниот филтер во кој веќе се 24 европски кошаркарски репрезентации кои како учесници на Евробаскетот 2017 што во септември ќе се игра во 4 земји си обезбедија место и настап во мундијалските квалификации.