Новата безбедноста архитектира во Источна Европа треба да обезбеди Русија и НАТО да помогнат да се зачува безбедноста во Украиа, Грузија, Молдова и во други земји а неутралните држави ќе добијат право да учествуваат во мултилатерални безбедносни операции.

Ова е еден од предлозите на влијателниот американски Брукингс институт чиј истражувач Мајкл Е. О’Хенлон во својата студија тврди дека САД и Русија мора да им дадат право на земјите сами да одлучат за својата иднина без да се плашат од одмазда од страните кои што нема да ги изберат.


Според анализата земјите треба да имаат целосен суверенитет и право на самоодредување во секоја смисла на оваа дефинција а новата безбедноста архитектура во Источна Европа може да биде кодифицирана со договор ратификуван од клучните легислативни тела како Сенатот на САД.

Според анализата новиот безбедносен систем треба да им гарантира на неутралните земји дека сами ќе ја изберат својата форма на влада, политичко раководство, диполоматски односи и еконосмки поврзувања. Русија ќе треба да го признае правото на тие што сеуште не се во ЕУ да влезат во унијата доколку за тоа има интерес кај нив и во Брисел.

Според авторот со овој концепт НАТО не мора да биде ослабено.

Целата анализа на Брукингс институт овде