Не поминаа ни 24 часа а американските и британските симпатизери на теориите на заговор започнаа да тврдат дека терористичкиот напад во Манчестер е организиран не од муслимански фанатик туку од политички фактори кои што сакаат да го искористат хаосот пред британските предвремени избори закажани за 8 јуни.
Главен аргумент на поборниците на теоријата дека масакрот во Манчестер е организиран и спроведен со цел да се направи штета на левичарскиот лидер на британската лабуристичка партија Џејмс Корбин е бројот 22 кој што предходно неколку пати бил наводно најавен од разни луѓе како ден кога ќе се случи несреќа.
Според теоретичарите на завери 22 е датум на кој што досега се случиле најмалку 6 големи терористички напади за кои тие тврдат дека се наместени (False flag).
Од нападот на норвежаневот Брејвик кој уби над 70 луѓе на 22 јули 2011 до завчера според нив на 22 ден од месецот се случиле и нападот во Лондон (22 март 2017), обезглавувањето на на британскиот војник Ли Ригби во Лондон (22 мај 2013), минхенскиот напад лани на 22 јули, и нападот во Брисел на 22 март 2016 година.
Според расположивите објавени документи кои што теоретичарите на заверите ги анализираат речиси неверојатно е речиси сите извршители на нападите да им се познати на властите а голем дел од нив своите лични документи ги оставиле на местото на злосторот.
Според Др. Кевин Барнет, еден од доајените на False flag и теориите на заговор поврзани со низа терористички напади крајно сомнително е што неколку дена пред нападот на редакцијата на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ во Париз е намалено обезбедувањето. За овој професор по арапска култура нема никаква дилема дека масакрот во Манчестер е False flag операција на тие што сакаат да го елиминираат од политичката трка Џемјс Корбин како заколнат противник на атомската енергија и човек кој што се противи на израелската атомска програма.
Тоа што нападот во Манчестер го извршил човек на 22 години, бројот на жртвите е 22 а денот на нападот е 22 март за Барнет е доказ дека неговите неверојатни теории се вистина.