26.105 студенти ќе бидат впишани на државните универзитети во новата учебна година. Од нив 13.953 места се за редовните студенти во државна квот, а 8.367 места се предвидени за редовни студенти со кофинансирање. Преостанатите 3.785 места се за вонредни студенти. Од Министерството уверуваат дека ова е сосема доволно.

„При утврдување на бројките за упис на студенти се водеше сметка за потребите на пазарот на трудот во земјава, дефицитарноста на струките и расположливите можности за вработување, бројот на студенти за кои се акредитирани факултетите, како и за показателите за интересот на средношколците за упис на одредени факултети изминативе години“, соопшти Министерството за образование.

Годинава ќе нема бруцоши на дисперзираните студии на униеврзитетот Кирил и Методиј. На барање на Универзитетот, министерството за образование го стави под мраз уписот на дисперзирани студии за оваа година.