Екс-премиерката и актуелен претседател на српскиот парламент, Ана Брнабиќ со ироничен коментар за приведувањето на пејачката Северина Вучковиќ на српската граница.

За телевизијата Пинк изјави дека полицијата сакала да слушне што мисли Северина за литиумот, како и нејзиниот став за Сребреница.

Северина, потоа, изјави дека нема да дојде во Србија додека е Александар Вучиќ на власт, на што Брнабиќ иронично рекла дека поради тоа нема да може да спие.

„Многу ми е жал што Северина нема да дојде во Србија, што би рекла „додека е диктаторот Александар Вучиќ на власт“ нема да можам да спијам“, коментираше претседателката на српското собрание.

Претходно, претседателот на Србија се осврна и на неколкучасовното задржување на Северина на граница.

Вучиќ: Задржувањето на Северина на граница беше глупаво

Северина, од своја страна, пак, се пожали дека „ на сослушувањето почнаа да ми поставуваат прашања што мислам за Сребреница, Олуја, зошто ги поддржував демонстрациите против ископувањето литиум и напишав дека ова е Србија што ја сакам“ пренесува Индекс.хр