Најновите изтражувања од островите покажуваат дека поголем број Британци во моментов се за нов референдум за излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија. Ова се само независни истражувања кои нема да влијаат на конечните услови за спроведување на Брегзит. Но 53 насто од испитаниците во новата анкета на “Mejl on sandej” не би имале ништо против втор референтум, а таа бројка пред неполни два месеца беше само 47 насто.
Британската премерка Тереза Меј која е приврзаник на таканаречениот “тврд Брегзит” сега ќе мора да ретерира и да бара нови решенија особено што 69 насто од испитаниците биле против укинувањет на царинската соработка односно се против излегувањето на Велика Британија од царинската унија.