Наставничката од средното училиште во англискиот Тонг, близу Братфорд, Амена Назам Кан е обвинета за сексуални односи со нејзин 18. годишен ученик и веднаш е суспендирана. Таа заработи строга казна за доживотна забрана за предавање и работа во училиштата во Велика Британија.
36. годишната Амена која е мажена преку социјалните мрежи дошла во контакт со својот ученик и со него била во интимна врска која вклучувала и секс во период од девет месеци. Тоа се случувало на различни места, од нејзиниот дом, преку ресторани до хотели, а професорката сето тоа “чесно” го плаќала.
Во истрагата која тргнала откако дете од школото ги видело, неименуваниот ученик признал се, по што врската е растурена, а наставничката отстранета од наставниот процес. Од изјавите на млaдиот љубовник инересно е дека наставничата го третирала добро и му купувала скапи подароци како часовник Хуго Бос или билети за концерти.
Како последица од врската момчето според психијатрите доживеал емоционален крах и затоа се исповедал, но затоа наставничката во својата изјава воопшто не покажала каење за своите постапки.