Британскиот весник Експрес (express.co.uk) тврди дека Европската Унија работи на планот по заминувањето на Велика Британија од ЕУ 28 земја членка на унијата да стане Република Македонија.
Според весникот ЕУ би можела да ја замени Британија со Македонија затоа што блокот европски земји бара нови членки како што се приближува Брегзит. Своето тврдење весникот го објаснува со зголемените напори на Македонија да влезе во ЕУ која што е приморана да започне преговори за заминување на Британија.
Авторката на текстот Ребека Флод го цитира премиерот Заев кој вели дека Македонија има намера брзо да се придвижи кон членство во ЕУ но веднаш потоа пренесува и изјава на претставници на ЕУ според кои на Македонија и претстои долг пат пред да стана полноправен член на унијата.
Во врска со НАТО весникот ја пренесува и изјавата на Јоханес Хан според кого „Сеуште нема простор за задволство, има уште премногу работа да се заврши за Македонија да се врати на Евро – Атланскиот пат“.
Покрај противењето на Грција, Македонија да го задржи уставното име весникот како пречки за спроведување на овој план го спомнува и ставот на Русија која што се противи на ширење на НАТО и ЕУ во регион кој го смета за зона на свои интереси а предходно јавно го обвини западот дека се меша во внатрешните работи на Македонија.
Дали ова сценарио на британскиот весник е реално ќе се види уште утре на средбата во Атина каде ќе се сретнат шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција. За средбата владее незапаметен интерес кај медиумите.