Специјалната обвинителка од тимот на Катица Јанева, Ленче Ристовска  информирала британски медиум дека име на британската компанија инволвирана во случајот „Трезор“  е познато на СЈО и дека ова обвинителство е во врска со британските власти во врска со случајот.
Ристовска не сакала да го открие името на компанијата во оваа фаза на истрагата.
Британскиот специјализиран портал за дигитална технологија „Компјутери неделно“ која пишува за истрагата во која е опфатена британска фирма е дел од компанијата „Тек таргет“ која котира на NASDAQ а има претставништва во Атланта, Пекинг, Бостон, Лондон, Мумбаи, Сингапур и Сиднеј.
Во својата анализа за скандалот со прислушување во Македонија „Компјутери неделно“ пишува дека прислушувањето можело да се случи само како дел од внатрешните капацитети на националната безбедносна мрежа во земјата.

 

Според анализите на „Групата на експерти за владеење на правото поврзано со комуникациите“ кои ги пренесува специјализираниот портал, трите македонски телекомуникациски оператори ја снабдиле УБК со техничка опрема со која можела да има пристап до целата мрежа на оперативни центри.

УБК имала можност директно да пресретнува комуникација, непречено и автономно да снима, без разлика дали постои судска наредба за следење на комуникции. УБК набавката ја направила преку фирмата Финзи Доел ЛТД која што е наведена како последна во низата трансакции.

Според доказите „Компјутер неделно“ смета дека Македонија спроведувала и скриено интернет следење со помош на софистицирана опрема набавена од западна фирма за дигитална технологија. Тоа според авоторт на анализата покажува како западни компании можат да бидат дел од нелегални активности во земји во транзиција.

Порталот понатаму наведува дека според истражување објавено од Универзитетот во Торонто во 2015 година Македонија е една од 32 земји кои што користела високо софистициран систем за следење на комуникации така наречен „ФинФишер“.
Овој систем е лесен за употреба и се продава само на владини институции, и тоа најчесто за следење на активности поврзани со тероризам и криминал од поголеми размери.
Компанијата кога што го произведува како што пренесува порталот се рекламирала преку спотови кои биле споделувани и на Викиликс. Експертите сметаат дека програмата може да зарази било кој компјутер да влезе во елекстронските пораки и да преземе контрола на системот од далеку, вклучитело и да управува со микорофонот и камерата на компјутерот.
Софтверот „ФинФишер“ е создаден од „Гама Груп“ фирма со канцеларии во Велика Британија и Германија а е поврзана со компании во неколку други држави. Оваа компанија одбила да коментира за случувањата во Македонија.