Обичен читател на весникот „Фајненшл тајмс“ или платен грчки пропагандист , сеедно, во коментар на текстот објавен на 12 јуни сугерира Македонија да се преименува во Пајонија.
– Почитувани, во врска со вашиот извештај „Македонија предлага промена на името во обид да се придружи на НАТО“ се согласувам со причините поради кои е од витален интерес да се обезбеди стабилноста на Балканот и затоа сугерирам новото име да биде Пајонија. Луѓето ќе бидат многу горди на тоа име затоа што за разлика од Македонија Пајонците никогаш не ја прифатиле власта на Големиот Крал на Персија во периодот од 512 до 496 година пред наша ера, вели британецот Малколм Спенс во својот чуден коментар.
Она што е уште почудно е што иако на барање на МНР весникот го промени насловот на текстот за Македонија очигледно за британските читатели текстот сеуште го носи истиот наслов. Оригиналниот подоцна беше променет со „Македонија размислува да влезе во НАТО со референцата ФИРОМ“.