Home Македонија Либерали од ЕУ:„Бриселски инжинеринг за уништување на македонскиот народ“

Либерали од ЕУ:„Бриселски инжинеринг за уништување на македонскиот народ“

Словенечкиот либерален портал „Каварна Хајек“ тврди дека она што во моментов и се случува на Македонија е дело на политички инжинеринг кој има крајна цел да доведе до уништување на Македонскиот народ.

Според порталот во Македонија се случува прекршување на Виенската конвенција, модификација на демографските, правните, етичките и протоколарните правила и очигледно мешање во внатрешните работи на суверена земја.

Сето тоа има една цел, формирање на послушна влада која што ќе стане дел од глобализацијата која што ќе придонесе до деструкција на националното чувство, дезинтеграција на државниот суверенитет и ќе обезбеди реализација на главниот план – замена на нациите, религиите и традицијата во Европа.

Според порталот кој е основан од следбеници на Фридрих Хајек Британско – австриски добитник на нобелова награда за економија во 1974 година и подржувач на класичниот либерализам, Европа освен „Вишеградската група“ не и се заблагодарила на предходната влада која што со затворање на границите за бегалците ја спасила од голема катастрофа. Напротив малата Македонија веднаш потоа била нападната  а нејзината легалнот била суспендирана.

Според поратлот сето ова води кон исполнување на барањата на Албанците за „Голема Албанија“ и целосно уништување на македонскиот идентитет (име, националност, празници, јазик) и влада која што ќе ги следи „демократските“ задачи, желба и цели на западот.

Порталот тврди дека планот во Македонија е да се отвори патеката за бегалците за да може полесно и ефективно да се заменат нациите религиите и расите на европска почва. Со националниот план за интеграција на бегалците 2017 – 2027 земјата треба да прими голем број на нови бегалци затоа што има само малку од предходно и целосно да ги интегрира во рок од 10 дена од пристигнувањето при што тие ќе добијат и државјанство.