Џенифер Анистон била изненадена кога нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит се јавил, закажал средба, и на неа се извинил за аферата и разводот што им се случи во 2005. година. Актерката за Life & Style раскажала дека соочувањето било пријателско и дека таа му простила.
Џенифер и Бред беа во брак пет години пред да се појави Анџелина Џоли која му го “сврте” умот на преубавиот актер кој потоа безглаво ја напушти дотогашната сопруга. 12 години подоцна се врати, но отакако претходно беше растурена и врската односно бракот со Џоли и тоа по нејзина иницијатива.


Медиумите пишуваат дека Анистон се уште не е имуна на шармот на Бред иако постојано потенцира дека е во среќна и здрава врска со колегата Џастин Тер.