Братот на Бекир Асани, Бејтула Асани му се заканувал на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани – потврдуваат од ЗНМ за ТВ 24.
Селмани добил порака на Фејсбук со заканувачка содржина, а од ЗНМ велат дека случајот е пријавен во полиција.
Заканите доаѓаат откако Селмани на својот Фејсбук профил напиша дека правната држава клекна пред еден силеџија, за случајот со пајакот и полицајката.
Очигледно со ова е запознаена и меѓународната заедница, бидејќи со осуда се огласи Претставникит на ОБСЕ за слобода на медиумите, Харлем Дезир кој на својот Твитер напиша:
„Заканата и навредата која беше упатена кон Насер Селмани, претседателот на ЗНМ, е неприфатлива. Овој директен напад на слободата на изразување треба да биде брзо и ефикасно истражен и на новинарите да им биде загарантирана безбедноста.“