Бошко Ѓуровски ќе добие нов двегодишен договор со Црвена Звезда јавува порталот eкипа.мк повикувајќи се на извори од Белград. Нашиот поранешен репрезентативец го водеше некогашниот Европски првак во последните неколку недели кога ситуацијата во првенството на Србија веќе беше во полза на ривалот, Партизан, а пред два дена го загуби и финалето од истиот противник иако неговиот тим воопшто не одигра лошо. Тоа веројатно е главната препорака Ѓуровски повозрасниот да остане на клупата на Црвена Звезда.