Фудбалски пакет за оваа седмица што за нас ќе кулминира в четврток кога Вардар гостува ка Розенборг во ЛЕ, започнува вечерва со средби од второто коло во Лигата на шампионите.
Сите осум се од 20.45 минути, а во секоја од четирите групи во кои се игра има по некој атрактивен дуел. Така во Е составот Ливерпул гостува кај Спартак во Москва, а Севиља го дочекува Марибор. Во Ф Манчестер Сити се среќава со Шахтјор, а Наполи со Феенорд. Во седмата конкуренција еден турско-германски меч на Бешикташ и Лајпциг и еден француско-португалски меѓу Монако и Порто. Но најпредизвикувачкиот натпревар вечерва се игра во Дортмунд меѓу освојувачите на ЛШ, Борусија и Реал Мадрид.