Француските медиуми јавуваат дека Пари Сен Жермен и Борусија Дортмунд се договориле за трансфер на Пјер Емерик Обемајанг на Паркот на принцовите. Тој би изнесувал 70 милиони евра во кои не се вклучени уште по 10 милиони за плата на Габонецот и евентуалниот бонус од 6 милиони.

Интересно ова се случува само еден ден по бркањето на тренерот Томас Тухел од Сигнал Идуна паркот, па се некако добива смисла. Тухел очигледно не сакал да остане без најдобриот стрелец во Бундес лигата, а Обемајанг со 31 гол сезонава беше подобар и од Левандовски од Баерн, настрана што имаше вкупно 120 голови во 189 меча во дресот на Борусија.