Никакви дилеми околу победата во мечот со Чешка не оставија ракометарите на Македонија иако и пред дуелот во Скопје кој беше последен во квалификациите се знаеше дека ќе одиме на Европското првенство. Победата од 33-20 во Борис Трајковски си имаше значење и не беше неважна зошто на крајот не смести на првото место во групата 4. Ние овој циклус го завршивме со 7 бодови пред Чешка и Исланд кои имаат по шест откако островјаните вечерва славеа со Украина со 34-26.
Црвено жолтите вечерва го одиграа најдобриот меч во овој турнус квалификации што веројатно се должи и на желбата за реванш за поразот во Плзен есеноска, но и пропуштената шанса се да завршиме во четвртокот. Ураган на гостите им се најавуваше од почеток со нашето постојано водство, а конечно ги оддува во второто полувреме. На паузата 16-10, брзо во вториот дел и десет разлика (25-25), по што следуваше егзибициски дел во кој со преубави акции се прославуваше петтиот настап на континентална завршница. Голманот Борко Ристовски имаше 16 одбрани за 40 минути во една од своите најдобри партии во репрезентацијата, а Кире Лазаров даде 11 гола учествуваше во блескавата победа со која беше анулиран киксот во Украина кога испуштивме победа.
Чесите беа фатени во замка од која не се извлекоа до крајот на средбата во Скопје, но и кај нив нема незадоволство бидејќи и тие одат на ЕП, заедно со нас и Исланд, Данска, Унгарија, Белорусија, Србија, Шпанија, Австрија, Германија, Словенија, Шведска, Црна Гора, Франција и Норвешка од денеска завршените квалификации, и Хрватска како домаќин.
Жрепката е закажана за 23 јуни, а ние треба да бидеме во привилегирана позиција и најверојатно во вториот сад.
Оваа победа беше важна и за селекторот Раул Гонзалес кој само две недели по шампионскиот трофеј со Вардар денеска обезбеди пласман на ЕУ со нациналниот тим. (читај тука)