Бугарскиот премиер Бојко Борисов вели дека ако Македонија и Бугарија не го потпишан договорот за добрососедство во иднина нема да можат да потпишат ниту еден друг документ.

„Ако не можеме да потпишеме договор за пријателство, што можеме друго да потпишеме во иднина“, изјавил Борисов, пренесува агенцијата Фокус.

На дебатата меѓу претставници на Софија и САД за евроатланската солидарност и за новите релации меѓу Вашингтон и Бугарија бугарскиот премиер рекол дека договорот со Македонија е многу важен.

„Нека разговараат историчарите“, рекол Борисов кој објавил дека очекува поддршка од бугарската политичка елита за договорот чие потпишување според него зависи и од „македонската политичка класа“.

Тој не одстапува од интересот на Бугарија да ја поддржи Македонија за членство во НАТО и ЕУ потенцирал дека е потребна стабилизизација на западниот Балкан како и диверзификација на гасните рути во регионот.

 

 

Препорачуваме за читање

Како спикерот го официјализираше албанскиот јазик во Охрид?