Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов изјави за медиумите по консултациите со претседателот Румен Радев дека ГЕРБ ќе предложи малцинска влада.

Причината – партијата е прва политичка сила и ќе биде одговорна за предлагање на кабинет со премиер, министер за одбрана и министер за надворешни работи.

Според него, нема друг начин да се формира влада.

Не гледам ништо да се случи освен прв мандат, изјави Бојко Борисов. Влада не може да се направи ниту со вториот мандат, ниту со третиот мандат. Ќе се потрудиме, нагласи лидерот на ГЕРБ.

Тој предупреди дека ако нема влада ќе мора пак да се оди на избори.

Гласачите на ГЕРБ не сакаа некој друг да го одредува составот на кабинетот, пишуваа бугарски медиуми.

„Единствено што кажав по изборите е дека три пати сум бил премиер, а четврти мандат е премногу.

Кандидатот за премиер ќе ја земе папката (од Радев) и јас ќе дојдам со него“, прецизира Борисов, без да каже дали премиерот ќе биде маж или жена.

Бојко Борисов очекува поддршка „од сите одговорни луѓе кои не сакаат да излезат на избори, за малцинска влада“.