Борисов: Покрај името и договорот со Бугарија е критична тема за Македонија

Во првото интервју за македонски медиум бугарскиот премиер Бојко Борисов за порталот мкд.мк вели дека покрај спрот за името со Грција, Македонија има уште една критична тема која што мора да ја реши за да продолжи со евроинтеграциите.

Запрашан на кои критични теми мисли кога вели дека Македонија треба да реши некои критични теми, Борисов одговара:

-Договорот за добрососедство, потоа на Балканот има проблем со името, кога зборуваме за Грција и се надевам дека веќе имате решение за тоа, бидејќи колку побрзо Македонија влезе во НАТО, толку повеќе гарантира за колективната безбедност и е голем чекор и претпоставка за членството.

Во интервјуто Борисов ги објаснува своите ставови за односите со Македонија и општо за регионот кои што се позитивни.

Оптимист е дека односите со Македонија ќе бидат на повисоко ниво по смената на владата во Скопје но сепак индиректно најави дека потпишувањето на спорниот договор за добрососедство за кој предходната влада и претседателот Иванов неколку години преговараа со властите во Софија е предуслов за членство во ЕУ и НАТО.

Целото интервју на Борисов за мкд.мк на следиот линк

Четири дена пред заминувањето на Премиерот Заев во Софија тој се сретнал со европратеникот Андреј Ковачев кој е близок соработник на Борисов а на средбата биле присутни и д-р Милен Врабовски, претседател на бугарската фондација „Бугарска памет“  струмичкиот митрополит и член на светиот синод на МПЦ – ОА владиката Наум.

Ковачев и Врабовски со години интензивно се обидуваат да докажат дека Македонците во Албанија се Бугарија за што европратеникот подготви и специјална резолуција во Европскиот парламент.

детали за средбата овде