Посетата на македонскиот премиер Заев на Софија носи пријателски пораки од двете страни.
Иако бугарскиот премиер на прес конференцијата по средбата ниту еднаш не споменал Македонци или македонски народ тој сепак генерално е со позитивен пристап кон Македонија. Најавил дека кај Грција ќе лобира за надминување на спорот меѓу двете земји но и дека Бугарија е за единствена Македонија.
Гостинот од Скопје најавува дека на втори август на Илинден во Крушево за прв пат во историјата може да имаме највисока бугарска делегација а за тогаш е најавено и потпишување на спорниот договор за добрососедство на кој инсистира официјална Софија.
Од Софија нема детали како двете страни планираат да ги надминат пречките за постоењето на македонското малцинство во Бугарија, регистрацијата на партијата на Бугарите во Македонија, именувањето на Македонската нација и јазик и заедничкото чествување на делови од историјата каде што очигледно има напредок.
Бојко Борисов и Зоран Заев сметаат дека сега е време да се затворат сите отворени прашања меѓу двете земји и да се отвори патот на Македонија кон Евроатланските интеграции.
-Ние сме за единствена Македонија и за членствот во НАТО и ЕУ, изјави бугарскиот премиер денеска во Софија.
– Заедно ќе го прославиме Илинден во Македонија на 2 август. Се согласивме тогаш да го потпишеме договорот за соработка меѓу нашите две земји. Премиерот Борисов ќе ја посети Македонија и ќе се поклони пред споменикот на нашата историја, рече Заев по ссредбата со Борисов.
Пораките од Софија речиси извесно ќе предизвикаат реакции во двете земји. За Борисов најопасен како критичар е министерот за одбрана Красимир Кракачанов кој тврди дека нема Македонци кои што според него се Бугари, а Заев во Македонија ќе мора пред ВМРО – ДПМНЕ и јавноста да објасни како планира да го надмине спорот со источниот сосед без притоа да влијае на националниот идентитет и на правата на Македонците во Бугарија. (повеќе на темата читај овде)