Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов не е оптимист за формирање влада откако пратениците на 50. Народно собрание не ја избраа Раја Назарјан за претседател на парламентот.

„Летаме кон нови избори затоа што нема одговорни партии. Само со ДПС не можеме да формираме влада“, категоричен беше Борисов на маргините од Домот на партијата пред новинарите.

Борисов гледа многу противречности во декларациите на пратеничките групи. Некои како Николај Денков велат дека првата политичка сила ја сноси целата одговорност, а помалите партии велат дека сите се еднакви, пренесе Њуз.бг.

Неуспехот со изборот на шеф на Националното собрание ја загрозува шансата за избор на влада.

Изборот на Раја Назарјан беше условот на Борисов да ги продолжи преговорите за кабинет, пишува „Сега“.

Новиот парламент не успеа да избере свој претседател, а состанокот беше прекинат за тој да продолжи со нов обид за избор на спикер утре во 10 часот.

Овој неуспех го доведува во прашање и формирањето на кабинет.

Причината е што вчера лидерот на ГЕРБ-СДС Бојко Борисов изјави дека гласот за неговиот кандидат – Раја Назарјан ќе биде тест за тоа дали преговорите за влада ќе продолжат или ќе прападнат.

Без претседавач блокирана е и работата на парламентот… јавуваат бугарски медиуми.