Контроверзниот Бојан Јовановски – Боки 13 ја напушта наградната игра која ја организираа со инфлуенсерот Стефан Лазаров.
Боки 13 соопшти дека се повлекува поради здравствени причини. Предходно беше најавено е дека Управата за јавни приходи ќе ги чешла парите, а ваквото повлекување отвора сомнежи за одредени нелегални работи при организацијата на т.н.„giveaway“., пишува Лидер.
Контроверзната јавна личност и најмалку еднаш осуден криминалец Бојан Јовановски – Боки 13 се откажа од наградната игра на инфлуенсерот Стефан Лазаров, преку социјалната мрежа Инстаграм.
“Поради нанесениот и преживеан стрес, а во насока на мојата влошена здравствена состоіба, ви соопштувам дека во овој момент се повлекувам од моето јавно појавување како гостин и промотивно лице на забавниот инстаграм формат GIVEAWAY кој е во организација на мојот најдраг пријател Стефан Лазаров. Му давам максимална морална и пријателска поддршка на Стефан за успешно завршување на проектот. За сите останити прашања, коментари и ставови одговорите ке ги дадам при моето гостуване во lazarovpodcast во вторник на 17.12.2024 во 21 часот. Ви благодарам од срце на сите за вашата најискрена поддршка која ми ја дадовте во огромен број во овој период. Со почит, Бојан Јовановски – Боки 13. П.с бедна е среќата која се темели на нечија болка и солзи”, пишува Боки 13 на својот Инстаграм профил.
Тоа значи дека сега откако вчера УЈП влезе на настан организиран од двајцата во Штип товарот на соочување со институциите и законот паѓа на инфлуенсерот Лазаров кој може да биде казнет за илегално организирање на игри на среќа.
Повеќе детали во продолжение
Канал 5: Министерството за финансии ќе истражува дали Боки 13 и Лазаров го кршат законот