Ѕвездите на НБА од Оклахома Сити, останале шокирани откако по слетувањето откриле дека „носот“ на авионот со кој летале е вдлабнат.
„Дали удривме во супермен“ прашуваат НБА кошаркарите кои споделуваат неверојатни фотографии од сплесканиот нос на авионот кој бил оштетен на височина од 10.000 метри за време на „немирниот лет“ од Минесота до Чикаго, пишува „Дејли мејл“.