Вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ Фатмир Битиќи смета дека со линеарното зголемување на пензиите од 5.000 денари за сите, дефицитот во пензискиот фонд ќе изнесува 52 проценти што значи дека пола од пензионерите ќе останат без пензија за некоја година.

За некој 600 за друг 3.000 денари повисока мартовска пензија

Во гостување во емисијата „Вин-вин“ на телевизија Телма,Битиќи рече дека со линеарно зголемување ќе се наруши нарушува законското усогласување на пензиите, односно дека ќе има еднократно зголемување.

Според вицепремиерот, неспоредливи се изборните концепти за пензиите на СДСМ кој ветува минимална пензија од 20.000 денари, просечна пензија од 30.000 денари и новогодишен бонус од 100 евра и оној на ВМРО-ДПМНЕ кое нуди линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари.

„Во суштина мислам дека сакаат да не вратат таму што бевме, а тоа е неизвесност во исплатата на пензиите затоа што по нивниот начин на менаџирање на Пензискиот фонд ако продолжеше уште три години, пензионерите ќе немаа пензии. Убаво ќе беше да кажат колкав ќе биде дефицитот во Пензискиот фонд со ова линеарно зголемување на пензиите по 5.000 денари“ рече Битиќи.