„Бисери“ на Ахмети: Владата е противалбанска и противдржавна?! Го блокира патот кон ЕУ, кој е за ДУИ приоритет без компромис!

По повод Денот на Европа лидерот на ДУИ Ахмети истакна дека „мисијата за полноправно членство на земјата во Европската Унија останува бескомпромисен приоритет за Демократската унија за интеграција“. Тој одржа вечерва, на 9 мај 2025 година, средба со граѓани и симпатизери на партијата во Струга. Ова го објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

Натаму агенцијата известува: За време на средбата, како што е наведено во соопштението на оваа партија, се дискутираше за „загриженоста на граѓаните“, кои, како што е наведено „ги изразија своите сомнежи кон Владата“, која „секој ден се докажува како противалбанска и противдржавна, вклучувајќи го тука и блокирањето на процесот на интеграција на земјата во ЕУ со деструктивни политики, кои ги затвораат патиштата кон поперспективна иднина“.

„Ви гарантирам дека ќе останеме непоколебливи, обединети и силни во заштитата на секое достигнување.“ – изнесе Али Ахмети на средбата со граѓани и симпатизери на партијата во Струга.