Состојбата со медиумите на Балканот е „Од лошо полошо“ , смета директорката на македонската канцеларија на „Балканската мрежа за истражувачко новинарство“ (БИРН) Ана Петрушева.
Зборувајќи на средба на мрежата што се одржува на Копаоник, Петрушева вели дека покрај тоа што новинарите и медиумите имаат проблем вообичаени притисоци од политички и финансиски центри тие се соочуваат и со нови предизвикци, се етикетираат како странски шпиони, а на пазарот се појавуваат и голем број на портали кои шират лажни вести.
Поплавата на лажни вести создава „медиумска врева“ во која што на јавноста и е тешко да прави разлика меѓу вистински и лажни информации поради што граѓаните се повеќе ја губат вербата во медиумите.
Целиот извештај од состанокот на БИРН на следниов линк