Бил ли новиот „генсек“ дел од контрапленумот на екс владата?

Професорот од Правниот факултет Драги Рашковски, кој денеска беше назначен за генерален секретар на владата на Зоран Заев, според дел од медиумите, во декември 2014 година бил еден од 200-те потписници на иницијативата за поддршка на државниот испит за студентите, кој што сакаше да го воведе владата на Никола Груевски.

Тоа е една од причините за критики од негови колеги кои што преку социјалните мрежи упатија жестоки критики кон него.

Професорот Димитар Апасиев кој е член на раководството на „Левица“ искажува низа обвинувања за Рашковски. Тој го обвинува ноиот генерален секретар на владата дека ги прибирал парите од студентите кои што морале да купат книги од поранешниот декан. Апасиев тврди дека Рашковски станал асистент на претседателот Иванов на предметот Право и информациски технологии иако немал експертиза за таа проблематика. Дополнително Апасиев вели дека Рашковски гласал за сите професори и асистенти кои што се вработиле на правниот факултат во Скопје а кои што биле кадри на ВМРО – ДПМНЕ.

Во декември 2014 година порталот Плусинфо објави дека на списоците на Контрапленумот биле запишани и професори кои што не се потпишале на списоците за поддршка. Меѓу примерите чии имиња се злоупотребени во текстот се наведуваат деканот на Филозофскиот факултет Ратко Дуев и сега споменатиот Драги Рашковски.