Некогаш многу популраниот актер од Козби шоуто и еден од најпочитуваните афроамериканци во 20. век, Бил Козби силувал меѓу 40 и 60 жени, девојки и девојчиња додека бил на врвот на славата. Сега е во судски процес од кој може да добие меѓу 10 и 30 години затвор и тоа само за едно дело бидејќи сите други се или застарени или Козби и неговите адвокати претходно се договориле вонсудски и на тој начин жртвите биле обесштетени.
79. годишниот Козби во моментов одговара пред американскиот суд за силување на Андреа Констанд која прво покренала граѓанска парница, а потоа се премислила и со нејзините адвокати тргнале да го гонат идолот на многу малди генерации во минатиот век низ кривична постапка. Таа тврди дека во неговиот дом во Лос Анџелес била омамена со таблети за кои Козби тврдел дека се за намалување на напнатоста, а всушност му помогнале на актерот да ја сулува декларираната лезбејка.
Судењето веднаш доби на интерес и јавна дебата во светската јавност, а кулминација претставуваат новите жртви кои се јавуваат и кои се појавуваат како сведоци, дел во судот, дел во медиумите. Бројката од 40 до 60 силувани жени е фрапантна, но не е конечна зошто Козби имал обичај ова да го чини низ целата своја 40 години долга кариера.
Дел од екипата на некогаш многу гледаното Козби шоу во која имаше и мали девојчиња го брани, дел мудро молчат, а има и такви кои отворено го напаѓаат изјавувајќи дека и тие биле предмет на обиди за сексуално малтретирање од големата ѕвезда која, како што велат колегите, едноставно не можела да се воздржи во близина на претставнички на поубавиот пол.
Судењето на Бил Козби се очекува да трае околу две недели по што никој не се сомнева дека тој ќе биде осуден по три точки од обвинението за силување на Андреа Констанд, но и да биде ослободен неговата ролја на идол на голем број Американци тука ќе заврши.