Бизарно: МВР истражува откопани гробови на селски гробишта

По дојава од граѓани дека нешто чудно се случува во селото МВР истражува откопување на гробови во дебарското село Средна Рајчица.

На 07.06.2024 година во 20:40 часот, во Одделнието за внатрешни работи Дебар е пријавено дека, на гробиштата во дебарското село Средна Рајчица, биле ископани повеќе гробни места.

ОВР Дебар презема мерки за целосно расветлување на бизарниот настан.

Селото Средна Рајчица се наоѓа на неколку стотини метри од манастирот Свети Ѓорѓија во Долна Рајчица лоцирано на самиот пат Маврово – Дебар.