Реал Мадрид односно тренерот Зинедин Зидан ја разрешија единствената дилема за првиот тим во финалето од Лигата на шампионите што вечерва кралевите го имаат против Јувентус. Така најверојатно по консултација со ѕвездите, така барем јавуваат медиумите, Французинот се решил да започне со Иско, кој во последно време игра во одлична форма, а заздравениот Герет Бејл да остане на клупата.
Ваквото решение на Зидан претпоставува дека Реал ќе биде малку позатворен, а се со цел да му се спротивстави на Јувентус кој се очекува да влезе со полна концентрација и со повеќе сили на средина од теренот.
Финалето од Лигата на фудбалските шампиони е вечерва (20.45) на Милениум стадионот во Кардиф и во него, Реал Мадрид ја брани титулата и се обидува да дојде до 12. вкупно, а Јувентус до третата во својата историја.