Едноставен, а многу вкусен ручек. За секоја пригода. И за секој ден, но и за големи и важни прослави. Најдобро е месото да е свежо, но до колку сметате дека телешкото не е толку младо и кревко, ви предлагаме да го ставите да одстои 2-3 часа во млеко.
Потоа исцедете го и пригответе го во начинот кој е опишан. Како прилог кон овој ручек најдобро е да се користи сос од сенф со јајца кој е прекрасен.

Состојки:

-800гр телешка удина
-сол, бибер, зачин
-2 јајца
-100гр брашно
-150гр презла
-масло за пржење

Подготовка:

Најпрво телешкото месо исечете го на танки шницли.
Со дрвен чук се чукаат шницлите од двете страни.
Се зачинувааат по вкус и нека одстојат барем 1 час во фрижидер, како месото би го примило зачинот.
Потоа се валкаат во брашно, изматено јајце и презла.
Се пржат на тивок оган од двете страни да заруменат.
Се редат на хартиени салфети, па се сервираат.