Бечев: Груевски се плаши од затвор, кризата не е руско масло

Бугарскиот аналитичар Диммитар Бечев кој што е одличен познавач на состојбите во Македонија тврди дека кризата во земјата нема меѓуетнички корени и дека Русија не е виновна за неа.

Овој аналитичар кој сега е истражувач во американскиот „Атлански совет“ а предходно го водеше „Европскиот совет за надворешни релации“ во Софија, во анализата за „Карлетон универзитетот“ во Канада вели дека Македонија се претвара во еднопартиска држава по урнекот на Унгарија со балкански примеси на клиентелизам и кич национализам.

Според него спомениците на средновековните кралеви и антиотомански револуционери се повеќе од обичен естетски проблем туку претставуваат политика на насилство.

Според Бечев кој одлично зборува македонски јазик и во последниве десетина години беше умерен и воздржан во критиките на ВМРО – ДПМНЕ проблемот на Македонија сега е што Груевски не сака да оди во опозиција и се плаши да оди во затвор. Според Бечев вина за состојбата во Македонија има и западната политика кон земјата која што мораше сама да минува низ тешка меѓуетничка криза по 2001 година и беше под блокада на Грција поради своето име. Тој смета дека никој не може за ветото во Букурешт кога започна регресивниот процес на патот на евроинтеграциите да ја обвинува Грција затоа што македонските политичари се виновни за блокадата.