Поранешната економска директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, призна дека ја злуопотребила службената положба и овластување и се спаси од затвор. Покрај условна осуда неа и е изречена мерка заштитен надзор во времетраењето на условната осуда што значи дека треба да почитува насоки што и ги дава судот во тоа време.
Таа според обвинението, додека беше организациска директорка на Клиниката за токсикологија ги пречекорила своите службени овластувања со намера да овозможи противправна имотна корист за 17 лица. Клиниката за токсикологија во друга постапка ќе бара отштета од неа за финансиските загуби што ги претрпе, како и за нарушувањето на угледот на Клиниката за време на нејзиното директорување.