Беса со стратегија за демолирање на ДУИ на наредните избори

Без разлика дали ќе влезе во владата или ќе остане во опозиција партијата Беса има одлична позиција во моментов, тврдат нејзини членови за expres.mk

Партијата нема проблем да издржи уште неколку мессеци до локалните избори и затоа поставува принципиелни услови за влез во новата влада.

Изворите на expres.mk велат дека барањата во владата да не учествуваат осомничени лица за кои јавноста дозна дека биле криминалци од бомбите на Заев и писмените гаранции дека лидерот на СДСМ ќе ја вметне во владината програма „тиранската платформа“ покажува дека Беса не е за власт по секоја цена.

„Не отстапуваме од принципите што писмено му ги доставивме на мандатарот и ако тој ги прифати, ќе бидеме дел од владата, но за тоа бараме на документот да биде потпишан мандатарот Зоран Заев“, велат од Движењето Беса каде се сигурни дека учеството на ДУИ во власта без ревидиран начин на владеење и со силно влијание на криминалното крило на партијата меѓу кои се и лидерот Ахмети и Муса Џафери е поен повеќе за Беса.

За оваа партија во игра е и влез во владата само со цврсти ветувања од Заев по што доколку тој не стои на зборот, за што постои сомневање во партијата, Беса да излезе од власта и да се посвети на наредните локални и парламентарни избори.

Според анализите и истражувањата на партијата доколку сега има избори ДУИ ќе освои помалку гласови од Беса затоа што како што велат од партијата „на граѓаните им е совршено јасно дека ДУИ не се бори за Албанците или за граѓаните туку само за своите теснпартиски интереси. За нив откажувањето на ДУИ од главните барања во платформата од Тирана е доказ дека тие никогаш не биле заинтересирани за еднаквост меѓу Македонците и сите останати граѓани во прв ред Албанците туку само за заштита на нивните бизниси, а тоа ќе биде казнето на наредните избори сметаат во Беса.