Движењето Беса ја одби поканата за заедничка средба на партиите на Албанците која што за денеска ја закажа лидерот на ДУИ , Али Ахмети.

Овој обид „да ја разгледаат имплементацијата на програмските определби“ како што најави ДУИ односно за спроведување на „Тиранската платформа“ за Беса е импровизација која е наменета за подигање на рејтингот на Ахмети.

„Нема да присуствуваме на таа средба. Како што веќе знае јавноста, таа тркалезна маса на албанските политички партии е само импровизација, само затоа што некому му е потребна за политичка промоција. Ние сме подготвени за суштински состанок, а не за церемонијален за манипулирање со јавноста и без значење, каков што е денешниот“, изјавил за МКД.мк, портпаролот на Беса, Фатон Фазлиу.

Беса предлага друга сериозна средба која треба да се одржи во Собранието и да се координира од координаторите на парламентарните групи или претставници на политичките партии.

За притисокот врз ДУИ од албанскиот електорат кој бара резултати со кои нема да ги загуби Чаир, Тетово, Гостивар и Струга читај овде